Луѓето ќе мора значително да го забрзаат начинот на кој комуницираат со вештачката интелигенција, смета Илон Маск. Според него, без технологии што директно го поврзуваат мозокот со компјутер, идните супербрзи системи за вештачка интелигенција би можеле човечката комуникација да ја доживуваат како „разговор со дрво“.
Маск, извршен директор на „Тесла“ и „СпејсИкс“ и коосновач на „Неуралинк“, ова го изјавил во разговор со Кинеската медиумска група во Силиконската долина. Според него, едно од клучните подрачја за надминување на ограничувањата на човекот е токму таканареченото биолошко унапредување.
Особено внимание посветил на интерфејсите мозок-компјутер, технологија на која работи „Неуралинк“. Идејата е сигналите од човечкиот мозок да можат директно да комуницираат со компјутерски системи, со што би се избегнало дел од бавното пренесување информации преку традиционалните начини на комуникација.
Маск смета дека токму ваквите технологии би можеле да помогнат да се намали огромната разлика меѓу брзината со која напредната ВИ може да обработува информации и брзината со која човекот може да размислува, пишува или зборува. Во неговата визија, проблемот во иднина нема нужно да биде само тоа колку е паметна ВИ, туку и колку брзо човекот може да комуницира со неа.
Станува збор за визија што сè уште припаѓа на иднината. Мозочно-компјутерските интерфејси се активно поле на истражување, но нивната широка употреба за директна комуникација со напредни системи за ВИ сè уште не е реалност. Маск, сепак, смета дека токму спојувањето на биологијата и технологијата би