Синот на норвешката престолонаследничка осуден на четири години затвор

Мариус Борг Хојби (29), син на норвешката престолонаследничка Мете-Марит, е осуден на четири години затвор откако судот во Осло го прогласи за виновен за две кривични дела силување.

Судскиот совет го ослободи од обвиненијата за уште два случаи на силување, но го прогласи за виновен и за други кривични дела опфатени во обвинението. Хојби не присуствувал лично на изрекувањето на пресудата, туку се вклучил преку видеоврска.

Обвинителството барало затворска казна од седум години и седум месеци, додека одбраната побарала значително поблага казна. Неговите адвокати имаат право на жалба.

Хојби имал четири години кога неговата мајка се омажила за норвешкиот престолонаследник. Иако пораснал во кралското семејство, тој нема кралска титула ниту официјален статус како член на кралскиот двор.

Во текот на судскиот процес тој ги негирал сите обвиненија за силување. Сепак, судот утврдил вина за два случаи – едниот поврзан со настан од 2018 година во кралската резиденција Скаугум, а другиот со случај во Осло во 2024 година.

Покрај тоа, Хојби е прогласен за виновен и за злоупотреба на неговата поранешна девојка, норвешката инфлуенсерка Нора Хаукланд. Судот, пак, го ослободи од обвиненијата за уште две наводни силувања поврзани со случаи од Осло и архипелагот Лофоти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс