Маратонецот Кокан Ајановски советува: Не чекајте да ожедните, хидратацијата почнува многу пред тренингот

Колку е почиста водата, толку е помало дополнителното оптоварување на бубрезите. Водата со понизок минерален состав придонесува за подобар баланс на организмот. Затоа, Роса вода е одличен избор и препорака за сите кои сакаат правилна и квалитетна хидратација

Во летните месеци, кога температурите се високи, правилната хидратација е подеднакво важна како и самиот тренинг. Маратонецот Кокан Ајановски вели дека внесот на вода не треба да биде поврзан само со физичката активност, туку да стане секојдневна навика.

„Вода треба да се пие постојано, не само пред, за време или по тренинг. На сите им советувам, без разлика дали трчаат или не, во текот на денот да внесуваат најмалку два литра вода. Едноставно правило е телесната тежина во килограми да се подели со 25, добиениот број покажува колку литри вода се потребни дневно“, објаснува Ајановски.

Тој потсетува дека повеќе од 70 проценти од човечкото тело е составено од вода и дека секојдневно губиме значителна количина течности преку дишење, потење и исфрлање токсини.

„Во текот на денот организмот троши околу 1,7 литри вода. Затоа е многу важно редовно да се хидрираме и да не дозволиме да дојде до дехидратација“, вели тој.

Според Ајановски, особено во топлите денови не треба да се чека да се појават симптоми на дехидратација.

„Ако веќе почувствуваме вртоглавица, замор или други знаци на дехидратација, тогаш сме задоцниле. Требало многу порано да внесуваме доволно течности. Хидратацијата е превенција, а не реакција“, нагласува маратонецот.

Кога станува збор за изборот на вода, тој препорачува што почиста и нискоминерална вода.

„Колку е почиста водата, толку е помало дополнителното оптоварување на бубрезите. Водата со понизок минерален состав придонесува за подобар баланс на организмот. Затоа, Роса вода е одличен избор и препорака за сите кои сакаат правилна и квалитетна хидратација“, вели Ајановски.

Неговата порака е едноставна, редовниот внес на вода е една од најважните навики за добро здравје, подобри спортски резултати и полесно справување со летните горештини.

е-Трн да боцка во твојот инбокс