Емиратите повлекуваат милијарди од Британија поради пресудата за Манчестер Сити

По одлуката за прекршоците на Манчестер сити, Абу Даби предупредува на замрзнување инвестиции и можен крах на клучни британски проекти.
Фото: Flickr/hm-photo

Властите на Обединетите Арапски Емирати упатија директно предупредување до британската влада дека пресудата против фудбалскиот клуб Манчестер сити ќе влијае врз идните инвестиции во Велика Британија и билатералните односи меѓу двете земји. Оваа порака следува откако независна комисија на Премиер лигата го прогласи клубот за виновен за 114 од вкупно 115 точки за кршење на финансиските правила.

Емиратските власти веќе испратиле сигнал до Лондон дека пресудата нема да остане затворена само во спортските рамки. Според информациите на Блумберг што ги пренесе Гардијан, официјалните претставници на ОАЕ јасно ставиле до знаење дека дејствувањето на Премиер лигата директно ќе се одрази врз економските релации.

Најсериозната закана засега виси над планираниот технолошки парк меѓу Оксфорд и Кембриџ. Проектот, замислен како британска верзија на Силициумската долина со капитал тежок повеќе милијарди фунти, требаше да се потпре токму на финансирање од фондови од Персискиот Залив. Лондон сега се соочува со ризик тие пари да бидат пренасочени.

Политичкиот притисок стана уште поочигледен по откритието дека претседателот на Манчестер сити, Халдун Ал Мубарак, имал средба со британскиот министер за економија Џонатан Рејнолдс. Средбата се одржала во седиштето на владата на „Даунинг стрит“ број 10, точно две недели пред комисијата официјално да ја објави одлуката.

Иако британската администрација не потврдува дали случајот со Сити бил директна тема на разговор, тајмингот отвори сомнежи во јавноста. Манчестер сити е во сопственост на „Абу Даби јунајтед груп“, а независната комисија утврди дека клубот меѓу 2009 и 2018 година прикажувал лажни комерцијални договори со цел да ги зголеми приходите и вештачки да ги намали трошоците.

е-Трн да боцка во твојот инбокс