Италијанскиот стратег Роберто Манчини повторно ќе седне на клупата на италијанската репрезентација.
Информацијата ја објави најпознатиот трансфер-инсајдер Фабрицио Романо
Со своето препознатливо Here we go, Романо потврди дека Манчини постигнал конечен договор со челниците на Италијанската фудбалска федерација и наскоро ќе биде официјално претставен како нов селектор на Аѕурите.
Манчини последен пат работеше во катарскиот Ал-Сад, од каде што си замина пред околу месец и половина. Италијанската репрезентација ја предводеше од 2018 до 2023 година, а најголемиот успех го постигна во 2021 година, кога ја однесе до европската титула по победата над Англија во финалето на Европското првенство.
Во текот на својата кариера ги водеше и Зенит, Интер, Галатасарај, Лацио, Фиорентина, како и репрезентацијата на Саудиска Арабија.