Мал авион се урна во Хрватска, има загинати

Во авионската несреќа загинаа неколку лица, потврди истарската полиција, а неофицијално се јавува дека загинале четири лица, додека по две лица сè уште се трага

Мал авион се урнаl во близина на аеродромот во Медулин во Хрватска, пренесоа тамошните медиуми.

„На 4 јуни во 11:18 часот, примена е пријава за пад на мал авион во областа Кампанож (во близина на аеродромот Медулин). Пријавата е потврдена, сите служби за итни случаи (полиција, брза помош и пожарникари) се на местото на настанот и преземаат мерки и дејствија во рамките на нивната надлежност“, соопшти полицијата.

Во авионската несреќа загинаа неколку лица, потврди истарската полиција, а неофицијално се јавува дека загинале четири лица, додека по две лица сè уште се трага.

Според информации на дел од медиумите во Хрватска, авионот полетал од Германија и при падот се преполовил.

е-Трн да боцка во твојот инбокс