5 години постоење

Макка бар: урбан „safe space“ во срцето на Скопје кој ја спојува музиката, дружбата и новата клубска сцена

Според концептот кој го следи, Макка бар се издвојува како простор што ја комбинира клубската култура со дневна и вечерна урбана атмосфера, каде музиката и диџеј сетовите имаат значајна улога во креирање на амбиентот. Местото често се опишува како „градски двор“ во центарот на Скопје затворен од градската врева, но отворен за публика што бара опуштено, но енергично социјално искуство.

Макка бар се позиционира како едно од поактуелните урбани места во центарот на Скопје, кое во последните години привлекува публика што бара поразличен тип на излегување, комбинирајќи музика, опуштена атмосфера и социјален простор за дружење.

Отворен во период по пандемијата, концептот на просторот се надоврзува на потребата од места кои нудат „safe space“ атмосфера, каде посетителите можат слободно да се дружат, да слушаат музика и да бидат дел од неформална, но внимателно креирана урбана енергија.

Во разговор за концептот и идејата зад ваквиот тип простори, Дарија Павловска објаснува како се развива филозофијата на Макка бар:

„Идејата започнa во време кога се затвораат сите клубови со корона пандемијата и се отвара простор и потреба од добро место за дружба, еден вид safe space за сите да можат да дојдат и да уживаат. Мислам дека уште трае таа идеја на пријатна атмосфера, добри пијачки, добра услуга и дружба. Во Макка иако си во центарот на градот, пак си некако затворен од надворешниот свет, во зеленило, опкружен со убави луѓе, насмевки, добри пијачки и сето тоа прави еден убав комплет. Ова е и место каде младите диџејиимаат простор да си ја искажат својата слобода, креативност и музика, да покажат што знаат и умеат. Во Макка имаме и добар сет и добра публика. Замисли да има добра публика на лош сет или обратно, на добар сет со лоша публика. Тоа е спојка што многу зависи од двете страни“, вели Дарија.

Според концептот кој го следи, Макка бар се издвојува како простор што ја комбинира клубската култура со дневна и вечерна урбана атмосфера, каде музиката и диџеј сетовите имаат значајна улога во креирање на амбиентот. Местото често се опишува како „градски двор“ во центарот на Скопје затворен од градската врева, но отворен за публика што бара опуштено, но енергично социјално искуство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс