Македонско друштво од Диселдорф апелирало Македонците да не одат на концерт на Каролина Гочева

Македонската поп ѕвезда, Каролина Гочева во моментов е на турнеја низ Германија, а на концертот во Диселдорф таа истакна дека од закажувањето на турнејата, се водела кампања против неа во Германија.

Како што истакна Каролина на концертот во Диселдорф, Македонското друштво од овој германски град, испраќалo апели и закани кон Македонците во Германија да не присуствуваат на нејзиниот концерт.

Откако пејачката на концертот го спомна ова, публиката силно свиркаше, што беше јасна порака дека Македонците не биле заплашени од интересите на друштвото.

Каролина Гочева е на турнеја низ Германија со својот бенд, каде што одржува 120-минутни „Best of“ концерти во Штутгарт, Нирнберг, Диселдорф, Мајнц, Хамбург и Берлин.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни