Пливачите со слаб старт на Медитерантските игри во Таранто

Македонските претставници на Медитеранските игри забележаа слаби времиња во базенот, а само Јанковски не заврши на последна позиција.

Македонските пливачи имаа слаб почеток на првиот ден од натпреварите на Медитеранските игри во италијанскиот град Таранто. Ниту еден од тројцата наши претставници не успеа да обезбеди висок пласман во своите дисциплини, при што двајца завршија на самото дно во квалификациските групи. Единствено Јован Јанковски оствари пласман што не значеше последно место во трката на 50 метри.

Македонските пливачки надежи се соочија со сериозна конкуренција уште во претпладневните квалификации.

Сара Јанковиќ беше последна, десетта во својата квалификациска група на 400 метри. Таа ја исплива патеката за 4:34.83 минути, што значеше заостанување од 17.89 секунди зад првопласираната пливачка во втората квалификациска трка.

Сличен епилог имаше и машката трка на истата дистанца. Огнен Славковски делницата од 400 метри ја заврши со време од 4:04.37 минути. Овој резултат не беше доволен за подобар пласман и го смести на последната позиција во неговата група.

Подобар впечаток остави единствено Јован Јанковски, кој настапи во најкратката спринтерска дисциплина на 50 метри.

Јанковски делницата ја исплива за 24.86 секунди. Тој успеа да го избегне последното место и во севкупниот пласман го освои 17. место од вкупно 20 пријавени натпреварувачи во оваа категорија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс