Македонските филмски јубилеи во фокусот на октомвриската програма на Кинотеката

Октомвриската програма е замислена како „карта на филмската меморија“, со филмот во улога на уметничко дело

Кинотеката на Македонија во октомври ќе им посвети особено внимание на македонските филмови што годинава одбележуваат значајни јубилеи. Со нивното повторно прикажување, институцијата сака да отвори простор публиката одново да ги погледне делата што ја обликувале историјата на домашната кинематографија.

Како што наведува Кинотеката во најавата, филмовите се сведоштва и за времето, општеството и идеите во кои настанале. Нивното враќање на големото платно е можност и новите генерации да ги откријат, а публиката што веќе ги гледала да ги прочита од денешна перспектива.

Октомвриската програма е замислена како „карта на филмската меморија“, со филмот во улога на уметничко дело, историски запис и повод за преиспитување на минатото. Програмата е објавена на веб-страницата на Кинотеката

е-Трн да боцка во твојот инбокс