Македонскиот тутун мора да се третира на највисоко ниво

СЕКЕ Прилеп апелира до производителите на тутун да ги почитуваат стручните препораки за третман, дозирање и заштита, бидејќи секоја грешка може да влијае врз квалитетот и откупот.

Македонскиот тутун мора да се третира на највисоко ниво, за што СЕКЕ Прилеп упатува јасни препораки до производителите да не ризикуваат со импровизации и несоодветна примена на средства. Фирмата, како значаен откупувач и преработувач на тутун, укажува дека секоја грешка во третманот може да влијае врз квалитетот на тутунот, а со тоа и врз откупот.

Препораките на СЕКЕ одат во насока на строго почитување на стручните совети, правилен избор на препарати и нивна примена во точно препорачани дози и во соодветни термини, зависно од фазата на развој на растението – Chlomazone против плевели, Sivanto Prime против штетни инсекти и Rival против болести. При третирање задолжително треба да се носат ракавици, маска и заштитна облека. Не треба да се јаде и пие за време на третманот, не треба да се прска при ветер, а по завршување на третманот потребно е миење.

Главната порака што ја испраќа СЕКЕ Прилеп е јасна: со почитување на стручните препораки, производителите го штитат и тутунот и сопствениот труд, а македонскиот тутун останува препознатлив по квалитет и конкурентен на пазарот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс