Три македонски филма во натпреварувачките програми на Сараевскиот филмски фестивал

Македонската кинематографиja годинава ќе биде претставена на 31. Сараевски филмски фестивал со три филма во официjaлните натпреварувачки програми, четири меѓународни копродукции со македонско учество, и претставници во престижните индустриски програми на фестивалот.

Во Натпреварувачката програма за долгометражен игран филм ќе бидат прикажани „17″ во режија на Косара Митиќ и „Скejтбординг не е за девojчиньа” во режија на Дина Дума, филм кој веќе имаше премиери на фестивалите Трajбека и Карлови Вари. Во Натпреварувачката програма за документарен филм ќе биде прикажан „Добри луѓе” на Милчо Манчевски, посветен на преживеаните од трагедиjaта во Кочани, чиj избор во официjaлната селекциja претставува значajно признание за домашната кинематографиja.

Во програмата In Focus е избран филмот „МAJКА” на Теона Стругар Митевска, продуциран од Лабина Митевска. Македонското присуство е дополнето и со четири меѓународни копродукции: „Shame and Money” во режија на Висар Морина, со македонски копродуцент Лист Продукциja, во Натпреварувачката програма за долгометражен игран филм; „Berna’s Eyes” во режија на Ермал Гердовци, со македонски копродуцент Слобода филм, во краткометражната програма Vienna Triangle; „The Lost Son” во режија на Дарко Штанте, со македонски копродуцент Кавал филм, во Open Air Premiere; и „Our Father” во режија на Горан Станковиќ, со македонски копродуцент Дрим Фектори, во BH Film Programme.

Во рамките на индустриската програма, директорот на Агенциjaта за филм ќе биде панелист на дискусиjaта „AI in the Film and Audiovisual Sector: A Threat or a Tool?”, а режисерката Дина Дума ќе учествува како говорник и ментор во рамките на Talents Sarajevo.

Силното присуство на македонските филмови, автори и професионалци уште еднаш jа потврдува меѓународната видливост, креативниот потенциjaл и континуираниот успех на македонската кинематографиja.

е-Трн да боцка во твојот инбокс