Македонија повторно се вжештува: Утре температурата ќе стигне до 35 степени, активирано жолто предупредување

Сончево и топло утро, а потоа нов температурен удар – најтопло ќе биде во Вардарскиот регион, каде е издадено жолто предупредување за високи температури.


По топлиот викенд, Македонија утре повторно ја очекува сончево и многу топло време. Во утринските часови температурите ќе бидат попријатни, но во текот на денот живата во термометрите ќе се искачи до околу 35 степени Целзиусови.

Според прогнозата, времето во поголем дел од земјата ќе биде стабилно и сончево, со слаб до умерен ветер. Утринските температури ќе се движат околу 17 до 19 степени, а дневните максимални ќе достигнат до 35 степени. Посебно внимание се препорачува во Вардарскиот регион, каде за понеделник е активно жолто предупредување поради високите температури.

Уште потопло во вторник

Топлиот бран нема да заврши со понеделник. Според прогнозата, во вторник температурите би можеле да се искачат до 37 степени, а слични температури се очекуваат и во среда. Затоа, доколку сте на отворено, најтоплиот дел од денот повторно ќе биде периодот кога сонцето е најсилно, па се препорачува избегнување подолг престој на директно сонце, особено за најчувствителните категории.

Летото, очигледно, сè уште нема намера да попушти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс