Македонија денеска ја очекува уште еден жежок летен ден. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер. Температурите повторно ќе бидат високи, а максималната дневна температура на места ќе достигне до 39 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.УХМР најавува дека топлото време продолжува и во наредниот период, па граѓаните повторно ќе треба да бидат внимателни во најтоплиот дел од денот.
Извор: УХМР.