Македонија под вршник: Температури до 40 степени

Температурите ќе се движат од 15 степени наутро до 40 степени во текот на денот во јужните делови од земјава

Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавува екстремно топло време, а целата држава влегува во портокалова фаза. 

Според прогнозата на УХМР денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа по должина на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Температурите ќе се движат од 15 степени наутро до 40 степени во текот на денот во јужните делови од земјава.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

е-Трн да боцка во твојот инбокс