Исчезнато момче од Македонија пронајдено мртво на дното на езеро во Австрија

Дваесет и тригодишен жител на тетовското село Сараќино е пронајден мртов во езерото Факер во Австрија, откако неколку дена се водел како исчезнат.

Дваесет и тригодишен жител на тетовското село Сараќино е пронајден мртов во езерото Факер во Австрија, откако неколку дена се водел како исчезнат.

Според австриските медиуми, младиот човек живеел во местото Faak am See и бил сопственик на кафе-бар. Последен пат бил виден во понеделник попладне во Drobollach, по што неговото семејство истиот ден го пријавило исчезнувањето во полиција.

Во четвртокот вечерта била организирана голема потрага, откако на брегот на езерото биле пронајдени негови лични предмети. Во акцијата биле вклучени полицијата, пожарникари, спасувачки служби на вода, нуркачки тимови и полициски хеликоптер.

По околу 40 минути пребарување, нуркачите го пронашле телото на 23-годишникот на дното на езерото. Потрагата била прекината околу 20 часот.

Причината за смртта засега не е позната. Надлежните органи наредиле обдукција, а истрагата за случајот продолжува.

е-Трн да боцка во твојот инбокс