Европската Унија не смее да ја фаворизира Украина на сметка на земјите од Западен Балкан, порача унагрскиот прмиер Петер Маѓар.
Тој предупреди дека забрзаното членство за Киев би било неправедно кон земјите кои со години чекаат напредок во преговорите со Брисел, додавајќи дека процесот на проширување мора да се базира на исполнети критериуми, а не на политички одлуки.
Според него, зачувувањето на кредибилитетот на Европската Унија бара сите кандидати да бидат третирани според истите правила.
Унгарскиот лидер нагласи дека сè уште постојат разлики во мислењата меѓу земјите-членки за тоа колку брзо Украина треба да се движи кон членство. Тој додаде дека не треба да се игнорира фактот дека земјите од Западен Балкан долго време чекаат напредок во преговорите со ЕУ.
Според унгарската влада, Европската Унија не треба да им дава предност на одредени кандидати на штета на другите. Тој рече дека заобиколувањето на Западен Балкан во корист на различен модел на проширување нема да биде ниту фер ниту практично. Унгарскиот лидер рече дека Унгарија ќе продолжи да ги застапува сопствените интереси во разговорите со своите европски партнери, без оглед на тоа дали ќе постигне договор со другите земји-членки за одредени прашања.
„Не можеме да го заобиколиме Западен Балкан во корист на поинаков модел на проширување, тоа не би било ниту фер ниту прагматично“, нагласи унгарскиот премиер.
Унгарскиот премиер рече дека одлуките ќе се носат исклучиво имајќи ги предвид интересите на Унгарија, а не внатрешно-политичките размислувања.
„Ќе ја претставиме Унгарија поинаку. Нема да се бориме само заради борба, без разлика дали ќе се согласиме за нешто или ќе ставиме вето, тоа нема да биде од причини поврзани со внатрешната политика или партиската политика, туку исклучиво врз основа на унгарските интереси“, нагласи унгарскиот премиер.