Маѓар ќе се вози во „Шкода Суперб“ наместо во луксузна лимузина

Покрај тоа, премиерот Петар Маѓар најави и дека нема намера да се вселува во официјалната владина резиденција

Новиот унгарски премиер Петер Маѓар ќе управува со значително поскромен возен парк во споредба со неговиот претходник Виктор Орбан. На платформата X, Маѓар објави фотографија на „Шкода Суперб” — истото возило со кое ја обиколуваше земјата за време на изборната кампања — соопштувајќи дека тоа ќе биде и неговото официјално премиерско возило.

Покрај тоа, Маѓар најави дека нема да се вселува во официјалната владина резиденција, со што јасно сигнализира дисконтинуитет со луксузниот стил на управување на Орбан.

Маѓар беше избран за премиер во унгарскиот парламент со 140 гласа „за” и 54 „против”. Неговата партија ТИСА тренутно располага со 141 од вкупно 199 пратенички места. Со тоа заврши шеснаесетгодишното владеење на националистот Орбан, кој не присуствуваше на гласањето бидејќи претходно поднесе оставка.

На свечениот говор, новиот премиер изјави дека нема да владее со Унгарија, туку ќе ѝ служи на земјата, остро осудувајќи ја корупцијата на системот на Орбан за кој тврди дека ги оставил граѓаните без пристојни патишта, болници и училишта.

е-Трн да боцка во твојот инбокс