Тие ја поврзуваат железничката станица со универзитетот и средното училиште и служат како тест за развој на паметен транспорт.
„Го одбележавме инаугурациското возење на два автономни шатла – пилот-проект што ја спојува технологијата, безбедноста и грижата за патниците. За паметна мобилност. Решение за ‘првата и последната милја’“, соопштија од националната железничка компанија CFL, која стои зад проектот.
По 18 месеци тестирање, во употреба се пуштени два помали автобуса без возач, марка OHMIO. Возилата имаат по осум седишта и обезбеден пристап за лица во инвалидски колички.
Автобусите се движат секој работен ден помеѓу 9 и 14 часот, на рута долга до пет километри. Максималната брзина им е до 25 километри на час.
Возилата се опремени со сензори и ласери кои детектираат разни пречки – од падната гранка на патот, до птица во лет. Поради тоа, од CFL апелираа до граѓаните да не претрчуваат пред автономните автобуси, бидејќи тоа може да предизвика нагло сопирање.
Иако се автономни и се движат самостојно, според законот задолжително во автобусот мора да има возач кој може да ја преземе контролата доколку има потреба.
Извор: N1info.rs