Линијата на пешкирот не е само украс – таа има своја функција

Линијата на пешкирот не служи само за изглед. Експертите објаснуваат дека бордурата помага пешкирот да ја задржи формата и да трае подолго.

Многу луѓе претпоставуваат дека линијата на пешкирите е исклучиво декоративна или дека служи за полесно да се забележи дали сите пешкири се наредени и свртени на ист начин во плакарот.

Сепак, експертите велат дека линиите на пешкирите не се само украс. Тие се нарекуваат бордури и всушност придонесуваат за нивната издржливост.

Eкспертите имаат објаснување зошто пешкирите ги имаат овие линии.

Која е функцијата на линијата на пешкирот?

„Тоа е бордура, и често се наоѓа на многу пешкири“, велат експертите и додаваат дека таа му помага на пешкирот да ја задржи својата форма, бидејќи обезбедува поцврста структура отколку кога би бил целосно изработен од фротир. Исто така, помага да се спречи трошењето на рабовите.

Што е бордура?

Бордурa е ткаена лента на краевите на пешкирот. Може да се појави како една или повеќе ленти, но секогаш се наоѓа блиску до рабовите на пешкирот.

Според експертите, на повеќето луѓе им се допаѓа изгледот на бордурата, но ретко ја забележуваат ако недостасува, што значи дека за мнозинството купувачи тоа не е пресуден фактор.

Дали пешкирите мора да имаат бордура?

Не нужно. Пешкир без бордура и понатаму ќе ја впива водата, што е неговата основна функција. Сепак, можеби нема да има иста издржливост и долготрајност како оној што ја има.

Сè се сведува на тоа што ви е најважно при купувањето. Ако ви одговара цената и ви се допаѓа пешкир без бордура, слободно купете го. На издржливоста и перформансите на пешкирот влијаат и други фактори, како составот на влакната, тежината на ткаенината, начинот на изработка и слично, а не само бордурата. Пешкирот што ќе го изберете и без неа може да трае долго.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни