„Like a Rolling Stone“: Денот кога рокенролот порасна

На 16 јуни 1965 година, Боб Дилан влегол во Studio A на Колумбија рекордс во Њу Јорк и снимил песна која менаџментот на издавачката куќа сакал да ја закопа. Радиодиџеите ја одбиле. Публиката ја сакала. Rolling Stone ја нарекол наjголемата песна во историjата на рок музиката.

Имало само еден проблем со „Like a Rolling Stone” кога Боб Дилан ја снимил на 16 јуни 1965 година, песната траела шест минути. Во свет каде сите хит синглови траеле три минути, тоа бил комерцијален самоубиствен чин. Менаџментот на Колумбија рекордс сакал да ja откаже. Радиодиџеjот во Њуjорк jа пуштил два пати по ред. Публиката танцувала шест минути цели. Веќе следниот ден,телефон на Колумбија звонел со барање за „новиот сингл на Боб Дилан”. Останатото е историjа.

16 јуни 1965, Studio A: вториот ден на снимање

На 16 јуни 1965, на вториот ден на снимање во Studio A на Колумбија рекордс на Менхетен, фолк рок пејачот Боб Дилан, заедно со бенд со електрични гитари и оргула, го снимил мастер тејкот на „Like a Rolling Stone”. Ќе се покаже дека тоа е magnum opus на дилан и веројатно, едно од наjголемите рок и рол снимања на сите времиња.

Провокативните текстови потекнуваат од стиховите коj Дилан ги напишал во јуни 1965, кога се вратил исцрпен од мачна турнеjа низ Англиjа. Дилан ја срочил песната во четири строфи и рефрен. Кога влегол во Studio A на 15 јуни, текстот сè уштe бил донекаде аморфен, иако успеал да ги сведе на 10 страни текст и на четири насочени строфи.

Десет страници текст и еден рефрен

Приказната за тоа како настанала песната е речиси митска. Дилан ja напишал на хартиjа, почнувајки со бес и завршувajки со четири строфи кои не зборуваат директно ни за кого е песната наменета. Насловот „How does it feel to be on your own?” станал рефрен коjшто ги поставил прашањата на цела една генерација.

Проблемот со шесте минути не бил мал. Тоа бил индустриски ѕид. Извршниот директор на одделот за продажба и маркетинг во Колумбија рекордс сакал да ја откаже, но Шон Консидин, коj што ги надгледувал новите изданиjа, таjно испратил копиjа на песната до влиjателен диjеj кој ја пуштил н апубликата во ноќен клуб во Њујорк. Реакциjата на публиката била одлична и новиот сингл на Боб Дилан почнал да се пробива на музичките листи каде скокнал на број два на Билборд Хот 100. На прво место бил само од „Help!” на Битлси.

Наjважниот импакт на „Like a Rolling Stone” не бил комерциjален туку творечки. Rolling Stone маgазинот во 2004 jа нарекол наjголемата песна на сите времиjа.

„Like a Rolling Stone” е песна која покажала и на ради станиците и на извршните директори на на издавачките куќу дека песните кои не се вклопуваат во поп калапот можат да бидат успешни. Во тоа врeме, синглите ретко поминувале над три минути. Со своите повеќе од шест минути и четири подолги строфи, Дилановиот прв голем хит „jа газел“ поп музикатаи ги отворил вратите за идните уметници да го сторат истото.

е-Трн да боцка во твојот инбокс