Вечерва во 19:30 часот во клуб Хавана ќе се одржи летниот концерт Music Connects, вечер на рок, поп и метал, од младите музичари од две од најреволуционерните рок школи во регионот.
Од 25 август до 1 септември, 65 млади музичари од Митровица, Скопје и Холандија се собраа на 15-та годишна Скопска летна школа. Десет мешани бендови на Митровица Рок Школа и Рома Рок школа поминаа една недела пишувајќи, вежбајќи, снимајќи и изведувајќи – и поврзувајќи се со нивната заедничка љубов кон музиката.
Придружени од Fontys Rockacademie (Холандија), наставниците од двете училишта ќе ги поддржат младите бендови додека се подготвуваат вечерва да излезат на сцената во летниот клуб Хавана.