Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на свечена церемонија ќе ги одликува музичарите Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан со Орден за заслуги за Република Северна Македонија, соопштија од кабинетот на претседателот.
Церемонија на одликување со Орден за заслуги за Република Македонија ќе се одржи во Кабинетот на претседателот во 19:30 часот.
Култната македонска џез-рок група „Леб и сол“ е основана на 1 јануари 1976 година.
Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан ја сочинуваат оптималната постава на легендарните „Леб и сол“, култната македонска група која со своето делување ја испиша современата македонска музичка историја.