Лажно пријавила семејно насилство: уапсена 40-годишна жена од дебарско

Полицијата во Дебар приведе 40-годишна жена која лажно пријавила дека била нападната од сопругот, информира МВР.

Полицијата во Дебар приведе 40-годишна жена од дебарско село, откако било утврдено дека лажно пријавила кривично дело.

Според информациите од МВР, таа претходно во полициска станица пријавила дека била жртва на семејно насилство, тврдејќи дека физички била нападната од нејзиниот сопруг.

Жената била приведена синоќа во 22:10 часот, а од Министерството за внатрешни работи информираат дека се товари по член 366 од Кривичниот законик, кој се однесува на лажно пријавување кривично дело.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс