Search

Ласерско чистење со вештачка интелигенција: Нова алатка за контрола на непожелните растенија

Carbon Robotics е земјоделска технолошка компанија која обезбедува ефективни, ефикасни и одржливи решенија за земјоделците. Tие имаат воведено технологија за ласерско плевење како алтернативен метод за контрола на плевелот кој им овозможува на одгледувачите да заштедат време и пари на една од нивните најскапи задачи која истовремено одзема и најмногу време: контрола на плевелот.

Непожелните растенија или како и уште се нарекуваат – ,,Плевел’’ се непожелни, штетни или излишни растенија кои растат на места каде што не се сакани, обично нарушувајќи го опстанокот на останатите растенија и култури.

Плевелите не се ограничени на еден тип на растение или определена група, тие можат да бидат било какви растенија кои растат каде што не се посакувани. Во земјоделството и градинарството, плевелите можат да бидат значајна пречка во одгледувањето на некои култури.

Пол Миксел кој е основач и извршен директор на Carbon Robotics во интервју вели дека мисијата на оваа компанија е да ги поддржи земјоделците и да се воведе еволуцијата на роботика со вештачка интелигенција во земјоделството.  ,,Постојано создаваме и иновираме алатки кои се справуваат со најпредизвикувачките проблеми на земјоделците, вклучително и плевење и разредување на културите.’’- истакна тој во интервјуто.

Во компанијата е создаден првиот и единствен комерцијално достапен апарат за ласерско плевење – LaserWeeder™. LaserWeeder е робот кој влече зад себе и се прицврстува на задниот дел на тракторите. LaserWeeder комбинира вештачка интелигенција, софтвер за компјутерска визија, модели за длабоко учење и ласери за да ги идентификува плевелите и да ги насочи за отстранување.

Контролата на плевелот е една од најголемите проблеми во земјоделството. Со искористување на напредната технологија за вештачка интелигенција и роботика, ласерското плевење нуди контрола на плевелот без хемикалии . Технологијата користи вештачка интелигенција, компјутерска визија и ласери со висока моќност за да ги идентификува, таргетира и убива плевелите ласерски остранувајќи ги без да им наштети на вредните култури. Ласерското плевење работи дење или ноќе во сите временски услови. Тоа е високопрецизно решение кое може да отстрани 5.000 плевели во минута.

Рачното влечење одзема многу време и бара дополнителна работна сила, која е ретка и тешко достапна во земјоделската индустрија. Со усвојување на автоматизирано решение за плевење, земјоделците можат да ја максимизираат ефикасноста на нивните работници.

Технологијата за ласерско плевење може да ги идентификува и искорени плевелите многу порано во нивниот животен циклус – уште пред да бидат видливи за човечкото око, убивајќи ги пред да имаат шанса да ги оштетат посевите. Може да ги таргетира плевелите со милиметарска прецизност, дури и да ги лоцира и елиминира плевелите меѓу културите.

Извор: https://www.agritechtomorrow.com/article/2023/05/ai-powered-laserweeding-a-new-tool-for-weed-control/14579

Најново

Последни колумни