Лајбах со преработка на песната „Топ“ честита 50 години Бијело дугме

Словенечкиот бенд Лајбах ја објави преработката на песната „Топ“ насловена „S topom te bom ciljal moja mala“ за 50 години постоење на бендот Бијело дугме.

Песната „Топ“ е објавена во 1974 година, а за новата верзија музиката и текстот се дело на фронтментот на Бијело Дугме, Горан Бреговиќ, додека изведбата е на Лајбах.

Песната е објавена од „Classic Records Zagreb“, кои најавија дека ова е само прва од десет песни со кои ќе се одбележува 50. роденден на бендот Бијело дугме.

По повод јубилејот бендот ќе одржи и турнеја низ поранешните ЈУ простори насловена како „Doživjeti Stotu“. Концертот во Скопје е закажан на 12 април во салата Борис Трајковски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни