„Ку-фест“ во Куманово: Шест претстави од Македонија, Косово, Бугарија и Србија

Третото издание на Балканскиот театарски фестивал започнува вечерва со „Носорози“ од Ежен Јонеско

Во Куманово вечерва започнува третото издание на Балканскиот театарски фестивал „Ку-фест“, кој до 5 септември ќе понуди шест театарски претстави од четири земји – Македонија, Косово, Бугарија и Србија. Фестивалот ќе биде отворен во 20 часот со претставата „Носорози“ од Ежен Јонеско, во режија на Васил Василев, а во продукција на Албанскиот театар од Скопје.

Покрај театарската програма, „Ку-фест“ годинава носи и две музички вечери, како и едукативна работилница за деца на тема „Магијата на театарот“. На фестивалот ќе бидат доделени седум награди, меѓу кои и специјалната награда за најдобар актер. За наградите ќе одлучува тричлено стручно жири составено од Леунора Калиќи, Зејадин Муртези и Роберт Ристов.

Со програмата што ги поврзува театрите од регионот, третото издание на „Ку-фест“ продолжува да го позиционира Куманово како место за регионална театарска размена и соработка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс