Откажано вечерашното предавање со Алиса Жулина на КРИК

Предавањето „Театар на капиталот – модерната драма и економски живот“ со Алиса Жулина, кое беше предвидено да се одржи вечерва, 30 јуни, во рамки на програмата на КРИК – Фестивал за критичка култура, е откажано, информираат од фестивалот.

Од КРИК не наведуваат дополнителни детали за причините за откажувањето на предавањето.

Мартин Хеглунд одржа предавање пред преполна сала во МСУ

Вчера, пред преполната сала во Музејот на современата уметност во Скопје, еден од највлијателните филозофи на денешницата, Мартин Хеглунд, го одржа предавањето „Овој живот – критика и еманципација“.

Во своето предавање Хеглунд зборуваше за прашања што стануваат сè поитни во време на кризи, растечка несигурност и општества во кои животот сè повеќе се потчинува на логиката на капиталот.

Неговото излагање понуди радикално преиспитување на љубовта, времето, конечноста, демократијата и еманципацијата.

Авторка на фотографиите од настанот е Наташа Гелева.

е-Трн да боцка во твојот инбокс