Литар пиво на најпознатиот германски фестивал чини до 15,90 евра, додека просечната цена е 15,61 евро.
Цените на пивото годинава се движат од 14,80 до 15,90 евра за литар, што е зголемување од 2,38 отсто во однос на минатогодишниот Октоберфест, кога цената се движела од 14,50 до 15,80 евра.
Во големите фестивалски шатори литар пиво чини од 14,90 до 15,90 евра. Најниската цена меѓу големите шатори е во Augustiner-Festhalle – 14,90 евра, додека во неколку шатори цената достигнува 15,90 евра.
За споредба, и безалкохолните пијалаци не се евтини. Литар вода чини просечно 11,13 евра, Spezi е 12,84 евра, а лимонадата 12,47 евра.
Градот Минхен не ги одредува цените, туку ги проверува цените што ги пријавуваат угостителите и проценува дали се оправдани. Октоберфест годинава трае до 4 октомври.
Така, за љубителите на пивото важи едноставната математика: една литарска кригла може да ве чини речиси 16 евра – пред да нарачате што било за јадење.