Најмногу кражби на моторни возила во Европа во 2024 година се регистрирани во Луксембург, додека најмалку вакви случаи има во Кипар, Романија и Словачка.
Кражбите на автомобили и понатаму остануваат сериозен безбедносен и економски проблем во дел од европските земји. Според најновите податоци за 2024 година, највисока стапка на кражби на моторни возила е регистрирана во Луксембург, каде се евидентирани 562 кражби на 100.000 жители.
Веднаш зад Луксембург е Шведска, со 268 кражби на 100.000 жители, а потоа следува Италија со 232 кражби. Високо на листата е и Франција, каде се регистрирани 198 кражби на 100.000 жители.
Меѓу земјите со повисока стапка на кражби се и Грција со 174 случаи, Холандија со 135 и Ирска со 97 кражби на 100.000 жители.
Хрватска се наоѓа на 13. место во Европската Унија, со 41 кражба на моторни возила на 100.000 жители. Од друга страна, најмал број кражби се регистрирани во Кипар, Романија и Словачка.
Експертите предупредуваат дека модерните системи за заштита значително го намалуваат ризикот од кражби, но организираните криминални групи сè почесто користат софистицирани методи за отклучување и стартување на возилата.
Поради тоа, сопствениците на автомобили се советуваат да користат дополнителни безбедносни системи, да не оставаат вредни предмети во возилата и внимателно да избираат каде паркираат.