Копенхаген повторно е најдобар град за живот во светот – што го издвојува од сите други?

Данската престолнина втора година по ред го освои првото место на глобалната листа на Economist Intelligence Unit за квалитет на живот. Високите оценки за безбедност, здравство, образование и инфраструктура повторно ја направија најпосакуваното место за живеење.

Копенхаген повторно е прогласен за најдобар град за живот во светот, според најновиот Глобален индекс за квалитет на живот на Economist Intelligence Unit (EIU). Данската престолнина вторпат по ред се најде на врвот на рангирањето, во кое беа анализирани 173 градови ширум светот. 

Индексот ги оценува градовите според повеќе критериуми, меѓу кои стабилност, здравствен систем, образование, инфраструктура, култура и животна средина. Копенхаген доби максимални оценки за стабилност, образование и инфраструктура, а високо беше оценет и во останатите категории. 

Меѓу причините поради кои градот постојано е на врвот се развиената велосипедска инфраструктура, ефикасниот јавен превоз, чистата животна средина и високото ниво на јавни услуги. Дополнително, локалните власти сè повеќе се насочуваат кон решавање на проблемите со домувањето, климатските промени и намалувањето на сообраќајот во централното градско подрачје. 

На листата веднаш зад Копенхаген се најдоа Виена, Мелбурн, Сиднеј и Цирих, додека Женева, Осака, Аделаида, Ванкувер и Токио ја заокружуваат првата десетка. 

Освен според EIU, Копенхаген е високо рангиран и во други меѓународни анализи за квалитетот на живот, каде се издвојува по безбедноста, зелените површини, урбаното планирање и одржливиот начин на живот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс