Белград од 16 до 19 април ќе биде домаќин на Контакт 2026, конференција и showcase фестивал што и оваа година носи богата програма на четири локации, со повеќе од 30 настапи и низа едукативни и индустриски содржини. Фестивалот ќе се одржи во Дорќол Плац, Електропионир, Спрат и Драгстор, а фокусот е ставен на вмрежување на регионалната независна музичка сцена.
Програмата почнува во четврток, на 16 април, со менторската сесија New Faces, панелот „Купуса у медијима и медији у купусу“, како и со отворањето на фестивалот и изложбата „У пролазу“. Вечерниот showcase дел во Дорќол Плац ги носи AB RE, IGRALOM и Funk Shui, додека во Електропионир и Спрат ќе настапат CVAT, Jimmy Fitsimmons, Bristol, Monohrom, Afotička Zona и Logička Greška.
Петок, 17 април, е најдолгиот фестивалски ден и носи програма посветена на одржливоста на фестивалите, showcase форматот и European Talent Exchange. Во рамки на дневниот дел ќе се одржат и панелот „Како денес да се сними хит“, како и дискусија за авторските права.
Во музичкиот дел од петочната програма, на сцената во Дорќол Плац од 18 часот ќе настапат Wheels Down и Funkys Crew, а подоцна и Feelslikeacid, Andrijana Belović и ревијалниот концерт на сплитската група TBF. Во Електропионир се најавени Pliš, GRUNT и GAZORPAZORP, додека Спрат ќе ги пречека Krilat i Beo, GRIZETE и Mal Pre Mal.
Саботната програма, на 19 април, почнува со Dressed in Noise flash mob fashion show од 19 часот, по што следуваат showcase настапите на Vedan Kolod и ETCETERAL. Вечерта во Дорќол Плац ќе ја затвори ревијалниот настап на Let 3.
Во исто време, Електропионир ќе биде домаќин на BOHEMIJA, QURDI и Nežni Dalibor, а во Спрат ќе настапат IBAR, KORKA и Kol Centar. По полноќ, програмата продолжува во Драгстор, каде што ќе настапат MAALI, Kontakt Chambers, Niko Nikolić, LU и VHS Stereo, со сетови што ќе траат до раните утрински часови.
Контакт и годинава се позиционира како еден од поважните регионални настани за независната музичка сцена, спојувајќи концерти, showcase концепт и разговори за предизвиците и иднината на музичката индустрија.