Колумбија го комплетираше списокот на осминафиналисти: Познати сите двојки на Светското првенство

Колумбија со минимални 1:0 ја совлада Гана и се пласираше во осминафиналето на Светското првенство. Познати се сите двојки во нокаут-фазата.
epa13081716 Argentina's Lionel Messi attends a training session at the Inter Miami stadium in Fort Lauderdale, Florida, USA, 02 July 2026. Argentina will face Cape Verde on 03 July in a 2026 FIFA World Cup Round of 32 match. EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Фудбалската репрезентација на Колумбија се пласираше во осминафиналето на Светското првенство, откако во Канзас Сити со минимални 1:0 ја совлада Гана во последниот натпревар од шеснаесетфиналето. Со победата на Колумбија се комплетираа сите двојки за осминафиналната фаза, каде што јужноамериканската селекција ќе се соочи со Швајцарија.

Колумбија уште од самиот почеток го контролираше натпреварот и поведе во 14. минута. По прецизен центаршут и лоша реакција на одбраната на Гана, Џон Аријас ја затресе мрежата за 1:0. Раниот гол ѝ овозможи на Колумбија целосно да го диктира темпото на играта. До крајот на првото полувреме создаде уште неколку добри можности, но не успеа да ја зголеми предноста.

Голманот на Гана ја одржа надежта

Гана постепено се консолидираше, најмногу благодарение на одличните интервенции на голманот Лоренс Ати Зиги, кој во неколку наврати ги запре ударите на Луис Дијас и Ричард Риос. Во второто полувреме африканската селекција се обиде да возврати преку контранапади, предводени од Томас Парти и Антоан Семенјо, но без посериозна закана кон голот на Колумбија.

Во завршницата Колумбија постигна уште еден гол преку Луис Дијас, но погодокот беше поништен поради офсајд. До последниот судиски свиреж резултатот остана непроменет, а Колумбија заслужено обезбеди место меѓу најдобрите 16 селекции на турнирот по доминантната игра и бројните создадени шанси.

е-Трн да боцка во твојот инбокс