Светско првенство во фудбал 2026 воведе контроверзни паузи за хидратација кои траат по три минути и се користат како нов рекламeн простор за телевизиските куќи и спонзорите. Овие паузи, воведени поради високите температури и интензитетот на натпреварите, брзо се претворија во еден од најпрофитабилните делови од телевизискиот пренос.
Во центарот на новиот маркетинг-бум се најде Дејвид Бекам, кој според британските медиуми и анализа на експерти, заработува околу 25 милиони евра само од рекламите прикажани за време на овие паузи.Бекам, кој е и косопственик на Интер Мајами, е заштитно лице на бројни глобални брендови, меѓу кои Pepsi, McDonald’s, Adidas и други големи компании кои ги користат скапите рекламни блокови за време на преносите од Мундијалот.
Според професорот Патрик Рише од Универзитетот во Вашингтон, Бекам е една од ретките спортски личности со глобална комерцијална привлечност.„Тој е препознатлив насекаде и може да поврзе многу различни брендови со глобална публика“, изјави Рише.
Од друга страна, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, тврди дека паузите се воведени исклучиво од спортски причини, поради високите температури и заштита на играчите, и дека не носат дополнителни приходи за организацијата.
Сепак, критичарите сметаат дека новите паузи отвораат ново поглавје во комерцијализацијата на фудбалот на најголемата светска сцена.