По повод Меѓународниот ден на Ромите 8 Април, утре на Школка во Градски Парк во 12:00 часот ќе се одржи настанот „Кои сме ние”. Целта на овој настан е заедно да ја славиме ромската култура, традиција, историја, музика, танц и јазик. Овој настан вклучува серија на активности за сите генерации почнувајќи од детска работилница, музички перформанс на брас бенд и музички оркестар како и читање на поезија од страна на млади.
Настанот е од забавен културно-уметнички карактер кој со сигурност ќе го разубави денот на сите присутни во Градскиот парк.
Настанот е во организација на Институтот за истражување и анализа на политики–Ромалитико.