Полната Месечина е во Овен, наспроти Сонцето во Вага, комбинација која астролозите ја поврзуваат со личната иницијатива, партнерствата и преземањето контрола врз сопствените одлуки.
Во фокусот особено се финансиите, работата и начинот на кој се користат заработените пари. Астролошките прогнози за овој период укажуваат дека некои знаци може да добијат можност да заработат преку работа што веќе ја започнале, додека кај други се отвора потреба за подобро планирање и кратење на непотребните трошоци.
Бикот според актуелните прогнози може да почувствува подобрување во финансискиот сектор, додека Близнаците можат да добијат поголема видливост и признание на работното место.
Кај Девицата, полната Месечина носи момент за преиспитување на буџетот и финансиските обврски, а прогнозите советуваат внимателно да се разгледа каде „истекуваат“ парите.
Јарецот може да има можност за зацврстување на деловни договори, додека за Рибите се најавува финансиска можност или поддршка што досега била помалку забележлива.
Астролозите, сепак, нагласуваат дека полната Месечина повеќе се поврзува со кулминација и расчистување на нешто што веќе било започнато, отколку со ненадејно „богатење преку ноќ“
Напомена: астролошките прогнози се забавна содржина и немаат научна потврда.