Францускиот институт во Скопје организира книжевна средба насловена „Tворештвото на Ани Ерно: сеќавање, жена и општество”, по повод Светскиот ден на книгата.
Настанот ќе се одржи во петок, 24 април 2026 година, со почеток во 13:00 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски” – Скопје.
Средбата ќе ја отворат г-дин Јовица Никчевски, Директор на Националната и универзитетска библиотека, и г-дин Грегоар Жислер, Директор на Францускиот институт во Скопје.
Оваа книжевна средба, организирана во соработка со Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски” и издавачката куќа „Илика”, претставува можност публиката да се запознае подлабоко со делото на Ани Ерно, значајна фигура на современата француска литература и добитничка на Нобеловата награда за литература во 2022 година.
Преку излагањата на говорниците, ќе бидат истражени централните теми на нејзиното творештво: индивидуалното и колективното сеќавање, положбата на жената и интимните и политичките димензии на автобиографското пишување.
На средбата ќе говорат:
- Елисавета Поповска, професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје и преведувачка на романот Девојчински спомени;
- Андријана Папиќ, преведувачка на романот Годините и соработничка на издавачката куќа Илика;
- Ивана Трајаноска, декан на Факултетот за странски јазици на Универзитетот Американ Колеџ Скопје и писателка;
- Ведран Диздаревиќ, професор на Филолошкиот факултет, Катедра за компаративна книжевност.
Средбата ќе ја модерира Мања Величковска, истражувачка во рамките на „Коалиција Маргини”.
Настанот ќе се одвива на македонски јазик.