Климатските промени ја променија границата помеѓу Швајцарија и Италија

Швајцарија и Италија ги променија своите меѓусебни граници на Алпите поради топењето на глечерите, предизвикано од климатските промени.

Дел од природната швајцарско-италијанска граница, која претежно е составена од глечери, е преместена во областите под Матерхорн, една од највисоките планини во Европа и во близина на голем број популарни скијачки центри, јавува Би-Би-Си.

Швајцарија официјално го одобри договорот за промена во петокот, но Италија допрва треба да го стори тоа. Претходно, во мај 2023 година, швајцарско-италијанската комисија го подготви договорот.

Според податоците на швајцарската мрежа за следење на глечерите (Гламос) од септември минатата година, швајцарските глечери изгубиле четири проценти од својот волумен во 2023 година, што е второто најголемо топење по рекордните шест проценти во 2022 година.

Рекордното топење на глечерите се објаснува со последователни многу топли лета и многу малку снежни врнежи. Истражувачите велат дека доколку продолжат ваквите временски шеми, топењето само ќе се забрза.

Швајцарија во петокот објави дека редефинирањето на границата е направено во согласност со економските интереси на двете страни.

Границата на Алпите ќе биде променета во регионот Плато Роса, во планинарскиот дом Карел и на планината Гоба ди Ролин, во близина на Матерхорн и популарните скијачки центри вклучувајќи го и Зермат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни