Клима во спалната соба: Една грешка може да ви го загрози здравјето додека спиете!

Во текот на летните горештини, клима уредите речиси не престануваат да работат, а многу луѓе ги оставаат вклучени и преку ноќ за полесно да ги поднесат високите температури. Сепак, експертите предупредуваат дека климата може да биде корисна само ако се користи правилно, во спротивно може да предизвика здравствени тегоби и зголемена потрошувачка на електрична енергија.

Дали е безбедно да спиеме со вклучена клима?

Одговорот е да, но со неколку важни правила: Најчеста грешка е ладниот воздух да биде насочен директно кон креветот. Ако климата цела ноќ дува директно во телото, може да се појават: вкочанет врат, болки во рамена и грб и замор по будење.

Затоа се препорачува воздухот да циркулира низ просторијата, а не директно кон телото.

„Sleep“ режим – најдобра опција

Современите клима уреди имаат „Sleep“ (ноќен) режим кој: ја намалува бучавата, постепено ја зголемува температурата за 1–2°C и ја намалува потрошувачката на струја. Ова помага телото полесно да ја одржи природната температура за време на спиење.

Лекарите предупредуваат дека температурата не треба да биде прениска. Разликата меѓу надворешната и внатрешната температура не треба да биде поголема од 5–7°C (најмногу 8°C). Ако надвор е 38°C, препораката е климата да биде околу 28–30°C.

Премногу ниска температура може да предизвика стрес за организмот, особено кај: постари лица, хронично болни, лица со срцеви проблеми. Експертите советуваат: редовно чистење на филтритем, сервисирање пред летната сезона, избегнување нагли температурни промени и постепено прилагодување пред излегување на жештина.

Нечисти филтри можат да пренесуваат прашина, полен и бактерии, што е ризик за луѓе со алергии и астма.

Клима уредот е голем сојузник во летните горештини, но само ако се користи умерено и правилно. Со правилно поставување, ноќен режим и редовно одржување, може безбедно да се користи и за време на спиење без ризик по здравјето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс