Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ на свој препознатлив начин го искоментира натпреварот меѓу Франција и Парагвај во осминафиналето на Светско првенство во фудбал 2026, кој беше исполнет со жестоки дуели, провокации и голема тензија.
Во изјава за Fox Sports, Ибрахимовиќ призна дека тешко би останал смирен доколку бил на теренот.
„Да играв вечерва, ќе добиев четири или пет црвени картони. Не ми се допаѓа кога луѓето се обидуваат да ме испровоцираат. Јас фудбалот го играм со целосна сериозност“, изјави поранешниот шведски репрезентативец.
И покрај тоа, тој упати пофалби до француската репрезентација и нејзиниот селектор Дидие Дешамп, истакнувајќи дека тимот покажал голема психолошка стабилност во еден исклучително напнат натпревар.
„Франција покажа зрелост, остана смирена и одговори со насмевка. Тоа е најдобриот начин да им возвратите – да се насмевнете и да не влезете во нивната игра“, порача Ибрахимовиќ.
Неговиот коментар брзо стана вирален на социјалните мрежи, а многумина оценија дека изјавата совршено го отсликува неговиот темперамент и карактер што го красеше во текот на целата кариера.