Прекинот е најавен поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа.
Делови од општина Кисела Вода денеска, 20 јуни, ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, информираат од ЕВН Македонија.
Прекинот во снабдувањето со струја ќе трае од 08:30 до 15:30 часот.
Без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Герника“ 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10, „Иван Хаџиниколов“ 1, 3, 5, 7 и 9, како и делови од улиците „Методија Патчев“ и „Антон Димитров“.
Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности за време на најавениот прекин.