ВИДЕО: Кети Пери заглави во огромно шише на сцена, а фановите ја носеа во погрешна насока

Спектакуларниот реквизит во Лас Вегас се претвори во непланирана комедија кога пејачката мораше сама да дава упатства од внатрешноста.

Американската поп-ѕвезда Кети Пери доживеа необичен организациски пропуст за време на нејзиниот концерт во Лас Вегас, кога остана заглавена во џиновски реквизит во форма на шише. Додека лебдеше над публиката, обожавателите кои требаше да го насочуваат реквизитот започнаа да ја носат во погрешен правец, па пејачката мораше гласно да реагира за да го спречи хаосот.

Настапот на Кети Пери во Лас Вегас прекина да оди по планираното сценарио во моментот кога пејачката се качи во големиот реквизит во форма на шише пиво. Наместо елегантно прелетување над салата, пејачката остана да виси во воздухот пред илјадници присутни гледачи.

За работата да биде уште покомплицирана, луѓето од првите редови на кои им беше доделена задача да го придржуваат и насочуваат реквизитот, започнаа да го туркаат во спротивна страна. Пери брзо сфати дека се движи во погрешен правец, па со микрофонот во рака мораше лично да ја координира толпата од внатрешноста на реквизитот.

„Не, на другата страна, ме носите во спротивен правец!“, им викаше пејачката на фановите додека се обидуваше да ја одржи атмосферата и да спречи евентуална незгода на сцената.

И покрај техничкиот проблем и неснаоѓањето на публиката, Пери не ја изгуби присебноста. Почетната паника брзо ја претвори во шега, додека тимот зад сцената успеа да ја преземе контролата врз механизамот и безбедно да ја спушти на главната бина. Снимките од овој бизарен момент веднаш станаа вирален хит на социјалните мрежи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс