На деветти мај во „Лабораториум“ ќе се одржи слушачка промоција на третиот албум „Вакамие“ на скопскиот бенд КЕМ.
Најавата за промоцијата н дојде и од Зборци и Зборки, пријателите на бендот.
„Наредната недела го промовираат својот трет студиски албум. Секој човек или секоја група што создава знае дека воопшто не е мала работа да стокмиш три албуми за четири години во ваква општествена состојба. Тоа е чин кој помога во јакнењето на социјалната инфрастуктура и гради нови мисловни траектории“ стои во најавата.
Инаку КЕМ досега имаат издадено два албума „Камен пламен татко“ и „Columba Noachi“