КЕМ во РеТрн: музиката, пријателството и приказните зад песните

Колективот КЕМ гостува во РеТрн ДУО. Разговараме за музиката, креативниот процес, Скопје, албумот „вакамие“ и песните „Колумба Ноачи“ и „Камен Пламен Татко“.

Наши гости во новата епизода на РеТрн ДУО се КЕМ – скопски колектив од текстописци, продуценти, инструменталисти и мултидисциплинарни уметници кои создаваат од 2020 година.

Се дружевме, разговаравме за музиката, за тоа како функционира еден колектив, како се раѓаат песните и како изгледа креативниот процес кога повеќе луѓе носат различна енергија, идеи и звук.

Во нивниот каталог се наоѓаат „Колумба Ноачи“, фан-фаворит меѓу љубителите на R&B, „Камен Пламен Татко“, саундтрак на скопската младина низ апсурдните искуства во главниот град, како и најновиот албум „вакамие“ – проект што ги обработува сите фази на љубовта, од заљубувањето до загубата, и емоциите низ кои секој барем еднаш поминува.

Јадрото на КЕМ го сочинуваат Марко Марковски, Марко Захариев и Емир Јашаров, заедно со нивниот широк круг на соработници: Џиги, Каин, Леон Мустафа, Гамбит, Кате, Анис и Анзу, M!

КЕМ се колектив што постојано се развива, создава, се смее, се дружи и ја движи својата музичка машинерија напред.

е-Трн да боцка во твојот инбокс