Кејт Мидлтон раскажува како ракот ѝ го променил животот

Во документарецот „Heal“, принцезата од Велс зборува за деновите по хемотерапијата и за предизвикот да ги искачи највисоките врвови во Англија, Шкотска и Велс во еден ден.
screenshot

„Ракот те менува“, вели Кејт Мидлтон во најавата за „Heal“, документарец што Би-би-си ќе го емитува на 29 ноември. Принцезата од Велс зборува за тоа како дијагнозата ѝ го променила погледот на животот и како изгледало закрепнувањето откако завршила со хемотерапијата.

Кејт ја објави дијагнозата во март 2024 година. Во септември истата година соопшти дека ја завршила хемотерапијата, а во јануари 2025 година објави дека болеста е во ремисија. По лекувањето имало добри и лоши денови, раскажува таа, а враќањето на кралските обврски одело постепено.

Во филмот има снимки од „Three Peaks Challenge“, предизвик што принцезата го завршила годинава. Во еден ден ги искачила највисоките врвови во Англија, Шкотска и Велс. Во разговор со брат ѝ Џејмс Мидлтон, таа се присетува дека по завршувањето на терапијата не го заѕвонила ѕвоното во лондонската болница „Ројал Марсден“, со кое пациентите можат симболично да го одбележат крајот на лекувањето. Џејмс ѝ вели дека можеби искачувањето и филмот се нејзиниот начин да го одбележи тој момент.

Документарецот трае 30 минути, а средствата од неговата дистрибуција ќе одат во добротворната фондација за рак при „Ројал Марсден“, болницата во која се лекувала принцезата.


Извор · Би-би-си

е-Трн да боцка во твојот инбокс