Министерството за култура и туризам го објави конкурсот за самостојни уметници за 2027 година

Преку мерката се покриваат придонесите за здравствено и пензиско осигурување и данокот на личен доход, а пријавувањето трае до 23 декември.

Министерството за култура и туризам денеска (23.11.2026 г.) го објави Конкурсот за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници за 2027 година, со кој се обезбедува поддршка за покривање на придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување, како и данокот на личен доход.

Пријавувањето на Конкурсот се врши исклучиво по електронски пат, преку Националниот портал за е-услуги https://uslugi.gov.mk

Конкурсот е отворен до 23 декември 2026 година, до 15:00 часот.

Право на учество имаат самостојните уметници кои ги исполнуваат условите и критериумите утврдени во Конкурсот и во соодветниот Правилник.


Детални информации за условите за учество, критериумите и потребната документација се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам: www.kultura.gov.mk.

е-Трн да боцка во твојот инбокс