Кејп Таун е прогласен за најубав град во светот

Кејп Таун го освои првото место на листата на најубави градови во светот според анкетата на Time Out. Погледнете кои градови се најдоа во Топ 10.

Кејп Таун, еден од главните градови на Јужноафриканската Република, е прогласен за најубав град во светот според големата глобална анкета на престижниот магазин Time Out, во која учествувале околу 24.000 луѓе од различни земји.

На испитаниците им било поставено едноставно прашање – дали би го опишале својот град како убав. Дури 86 проценти од жителите на Кејп Таун одговориле потврдно, со што градот убедливо го освоил првото место.

Кејп Таун е познат по уникатниот спој на природни убавини и модерен урбан живот. Над градот се издига познатата Столна Планина (Table Mountain), а посетителите ги привлекуваат долгите песочни плажи, богатата гастрономска понуда, уметничката сцена и живата атмосфера. Токму комбинацијата на африкански и европски влијанија го прави ова место едно од најпосакуваните туристички одредишта.

На листата на десетте најубави градови во светот, покрај Кејп Таун, се најдоа и Единбург, Сиднеј, Чикаго, Лисабон, Париз, Стокхолм, Порто, Меделин и Рига.

е-Трн да боцка во твојот инбокс