Казни до 1.500 евра: Овие правила на европските плажи мора да ги знаете

Европските плажи воведуваат строги правила за туристите. Од чадори до облека – еве за што може да платите казни до 1.500 евра.

Летната сезона е во полн ек, но заедно со туристите на европските плажи доаѓаат и построги правила на однесување. Поради масовниот туризам и заштитата на животната средина, многу популарни дестинации воведуваат високи казни за прекршување на локалните прописи.

На дел од плажите веќе се ограничува користењето опрема. На Сардинија, на пример, дозволен е само еден чадор по семејство или група, а на некои локации пешкирите мора да се користат со специјални подлоги за да не задржуваат песок. Казните може да достигнат и до 100 евра.

Во Шпанија, пак, строго се санкционира „резервирањето“ место на плажа. Оставањето лежалки, столчиња или чадори пред 9:30 часот може да ве чини 250 евра, а предметите ќе бидат одземени.

Сѐ повеќе европски земји воведуваат и плажи без чад од цигари. Во Шпанија, Франција и Италија пушењето е забрането на стотици плажи, со казни кои достигнуваат до 135 евра.

Правилата не важат само за плажите, туку и за градовите. Во туристички места како Соренто, Албуфеира или Барселона, шетање во костим за капење надвор од плажа може да донесе казни од 200 до 1.500 евра.

Некои од правилата одат и чекор подалеку – во Шпанија, мокрење во море или на плажа може да резултира со казна до 750 евра, додека во Португалија се казнува и гласна музика, со казни што достигнуваат и до 36.000 евра за групи.

Ограничувања има и за животните, при што во многу земји пристапот на кучиња на плажи е забранет во текот на летната сезона.

Со зголемувањето на контролите, туристите се предупредуваат однапред да се информираат за локалните правила, бидејќи дури и најмал прекршок може да резултира со висока казна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс