Карпошани денес без струја до 14:00 часот

Прекинот ќе ги засегне корисниците на улиците „Козле 2“ и „Јуриј Гагарин“ во Општина Карпош.

Од ЕВН Македонија АД соопштуваат дека денес, 28 април 2026 година, поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, дел од жителите на Скопје привремено ќе останат без електрична енергија.

Прекинот ќе се одвива од 9 до 14 часот и ќе ги засегне корисниците на улиците „Козле 2″ и „Јуриј Гагарин” во Општина Карпош.

ЕВН ги повикува граѓаните однапред да се организираат и да ги усогласат своите обврски со предвидениот прекин во снабдувањето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни