„Кармен свита” адаптирана според Бизеовата опера „Кармен” ja долови стравствената приказна за Кармен, симболот на слободата и судбината, а „Болеро” во вториот дел од вечерта донесе динамична кореографија полна со драмски тензии. Енергиjaта што се чувствуваше во салата на Центарот за култура „Григор Прличев” уште еднаш потврди дека jaзикот на театарот и воопшто на уметноста немаат граници.
Идejaта за настанување на овие две балетски претстави е на поранешниот уметнички директор на Операта и театарот „Мадленијанум” Никола Миjaиловиќ со цел да се одбележат 150 години од раѓањето на Морис Равел и 150 години од смртта на Жорж Бизе. Оваа година почина и Родион Шчедрин, така што претставите ги слават токму овие тројца големи уметници.

Кореографот Илиќ, класичните музички дела ги поставува во современ контекст, споjувajки ja виртуозната игра, силната драмска експресиja и авторски препознатливиот кореографски израз.
„Оваа претстава носи спектакуларна танцова верзиja на двете дела, ‘Кармен’ и ‘Болеро’. Според мене, секако ‘Кармен’ е една од најубавите музички партитури, а исто така и ‘Болерото’ од Равел. Сакам да кажам дека се работи за две потполно различни продукции. ‘Кармен свита’ е правена во еден неокласичен стил кој носи класика и сè што навистина е кореографски jaзик за класичен балет. ‘Болерото’ е правен на еден потполно современ кореографски вокабулар”, поjaснува Илиќ.
Современата игра, според него, бара дијалог со публиката, просторот и времето. „Сметам дека современата игра е можеби единствена гранка во уметноста коja најбрзо се развива од сите останати уметнички гранки, нешто слично како технологиjaта. Во денешно време кога зборувате за современа игра, таа отишла толку далеку што сè е возможно. Кога ги споменувам овие три фрази мислам на тоа дека е важна партиципациjaта на публиката во сите претстави. Тоа вечерва го почувствува и публиката на ‘Охридско лето’. Дали претставата е наративна или не, не е воопшто прашање, туку работата е како можете да допрете до гледачите, да jа почувствувате не само играта на уметниците, туку и текстурата на претставите коja секако е во синергиja со музиката”, поjaснува Илиќ.
Опера и театар „Мадленијанум” за балетите „Кармен свита” и „Болеро” е добитник на бројни признанија од српските стручни здруженија и фестивали.